Број на текстови објавени денес: 10

Ивица Дачиќ ја откри тајната: Во која Србинка е вљубен Доналд Трамп? ФОТО

1taktkqturbxy9mngjlzwe2zwm3yjg1m2njzdmymtc3ndk3otkzmwq2nc5qcgvnk5uczqmuamldlqlnadyawsovb9kyl3b1bhnjbxmvturbxy8xzdc0y2i0mtcwntk1mdqznjyyownhymq2mdzmntbmni5wbmchwga

Доналд Трамп очигледно паѓа на убавици од просторите на бивша Југославија, неговата сопруга е од Словенија, а Ивица Дачиќ, првиот ппотпретседател на Владата и министер за надворешни работи знае во која српска спортистка е вљубен новиот претседател на Америка.

Министерот за надворешни работи Ивица Дачиќ, гостувајќи пред неколку месеци во една емисија открил дека Доналд Трамп (тогаш кандидат за претседател) сосема „полудел“ по српската тенисерка Ана Ивановиќ. Новоизбраниот американски претседател тврди дека сопргата на германскиот фудбалер Бастиан Швајнштајгер е најубавата жена на светот.

– Ми рече: „Таа е најубавата жена којашто во животот сум ја видел. Едноставно најубава“- раскажал Дачиќ објаснувајќи колку траел разговорот.

– Петнаесет минути ми зборуваше за Ана Ивановиќ и за тоа како е најубава тенисерка и жена на светот – додал Дачиќ.

Инаку, 29-годишната Ана и Доналд се сретнале во мај 2014 година и заедно се фотографирале. Ана постирала на социјалните мрежи; „Средба со газдата“ (Meeting with the boss).

70-годишниот Трамп тој коментар го дал пред три години, во текот на состанокот со Ивица Дачиќ, кој бил премиер на Србија во тоа време.

Трамп беше избран како 45-ти претседател на Соединетите Американски Држави во средата наутро.

Инаку, сопругата на Трамп, Меланија во 1996 годинa емигрирала од Словенија во Америка, а неговата прва жена Ивана е со словенско потекло, па Трамп очигледно е чувствителен на „генот“ на убавици од просторите на бивша Југославија.