Број на текстови објавени денес: 60

Иванка Трамп му честиташе роденден на синот, Твитер експлодира со негативни коментари ФОТО

trump4

Иванка Трамп во последно време интензивно ги полни медиумските наслови, и тоа првенствено поради нејзиниот татко, новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп. Но, овојпат по своја вина дошла на насловниците – откако на својот син му честитила роденден и предизвикала бура од реакции на социјалните мрежи.

Иванка објавила фотографија од осуммесечниот син Теодор и напишала: „Не верувам дека Теодор има осум месеци. Среќен роденден, меченце мое“, со што предизвикала лавина коментари на Твитер.

„Така не функционираат родендените“, „Упс, јас заборавив на своите деца да им го честитам роденденот еден случаен ден во ноември“, „Се надевам дека ќе ужива во вториот роденден за четири месеци“… биле само некои од коментарите на што се огласила и Иванка.

„Секако, во право сте! Само во бебешката прва година во животот е во ред родителите да го слават роденденот секој месец“, објаснила Иванка Трамп.