Број на текстови објавени денес: 46

Иванка, моќна жена зад сцената: Шест работи што не сте ги знаеле за миленичката на Трамп

38a886cdfe0b491803eaa24755450b54

Русокосата убавица и ќерката на првиот човек на Америка, Иванка е најпознатоте дете на Доналд Трамп.

1. .Пораснала во центарот на вниманието

Иванка Мери Трамп е родена во 1981 година пораснала на Менхетн. Кога имала само 10 години, нејзините родители се развеле, а нивниот развод станал главна тема на таблоидите, што направило малата Иванка веќе на 10 години да ѝ стане позната на американската јавност. Во една прилика раскажала дека фотографите, кога имала 9 години, ја прашале: „Дали е вистина дека Марла рекла дека со твојот татко го имала најдобриот секс во животот?“

На 15 години се испробала во улога на фотомодел и манекенка соработувајќи со големи имиња од светот на модата, поради што нејзините родители не биле претерано воодушевени. На манекенството му рекла „не“ по средното училиште, а потоа се запишала во деловното училиште „Вартон“. Првото работно место и било во фирма, која се занимавала со продажба на недвижности. бидејќи се трудела дека тоа што доаѓа од семејството Трамп да не влијае на нејзината кариера. Меѓутоа, набрзо се вклучила во семејниот бизнис.

2. Покренала сопствен бизнс

Заедно со своите браќа Ерик и Доналд Јуниор, Иванка работи како заменик извршен претседател за развој и аквизиција за „Организацијата Трамп“. И покрај тоа, успеала да основа неколку свои бизнси. Иванка денес има своја линија на облека, обувки, чанти, детска облека, очила и накит, но и свој личен вебсајт. Во 2014 година ја покренала и иницијативата „Жена која работи“ (WomanWhoWork) ,објавувајќи на својот сајт текстови за кариерата и модата, но и совети за жените кои сакаат да напредуваат во својата работа. Дури и книга со името на иницијативата ќе се најде во продажба напролет 2017 година.

3, Посветена на семејството

Својот сегашен сопруг, њујоршкиот бизнисмен Џaрeд Кушнер, го запознала во 2007 година, на деловен ручек, којшто го организирале агент за недвижности и уште еден пријател со желба да ги спојат, Сепак направиле многу повеќе.

– Тоа е најдобрата работа што некогаш ја направиле – рекла во една прилика Иванка.

4. Секогаш била движечка сила на семејството Трамп и нивна поддршка

Поддршката на Иванка на нејзиниот татко и семејството датира од дамнешни времиња.

– Без оглед што ќе слушнеме за своето семејство и родителите, факт е дека см многу горда што сум Трамп. извесно време бев загрижена дека ќе живеам во сенка на родителите, но тоа сепак не мора да биде лошо – рекла Иванка своевремено. За својот татко секогаш ќе биде тука, па дури и тогаш кога го осудувале поради неговите изјави. Реагирала и тогаш кога гоствајќи во една емисија изјавил дека веројатно би бил во врска со неа, да не му е ќерка:

– Доналд само се шегуваше. сака да ги види реакциите на луѓето кога ќе каже нешто неочекувано. Очигледно се шегувал пoради фактот дека има обичај да се забавува со помлади жени – објаснила русокосата убавица додавајќи дека нејзиниот тактко знае дека жените можат да ja работат која било работа како и мажите и дека целиот нејзин живот е доказ за тоа.

5. Моќна жена зад сцената

Иако тврдела дека не била дел од кампањата на татко ѝ, со самото тоа дека му давала поддршка и совети на својот татко, се утврдило дека, всушност, имала голема моќ на одлучување. „Вашигнтон пост“ пренесе дека Доналд се состанал со Иваннка, со нејзиниот сопруг и со двајцата синови пред да го отпушти менаџерот на својата кампања Кори Левандивски. Некои медиуми дури пишуваат дека Иванка на својот татко му се заканила дека ќе ја напушти кампањата доколку Левандовски остане. Дека Иванка на Доналд му е повеќе од поддршка зборува и изјавата на нејзиниот сопруг.

Сегашниот американска претседател по три пати дневно ѝ се јавувал на својата ќерка кога не можела да биде покрај него поради бременоста.

6. Политичката улога била кобна за пријателството со Челси Клинтон

Иванка Трамп и Челси Клинтон, ќерката на Хилари Клинтон, се дружеле и пред нивните родители да станат политички соперници. Челси сметала дека пријателството е поважно од политиката.  Работите во последните неколку месеци сепак се промениле. Тие одлучиле да не се гледаат во јавноста поради изборите.