Број на текстови објавени денес: 70

Ивана Трамп: Барам од мојот бивш сопруг да ме стави амбасадор во Чешка!

ivana-tramp1

Првата сопруга на идниот американски претседател Доналд Трамп, Чехинката Ивана Трамп, рекла дека од својот поранешен сопруг ќе побара да ја стави на местото амбасадор во Чешка, бидејќи го знае јазикот и поради тоа што сите ја знаат. Портпаролот на чешкиот претседател го оценил тоа како одлична идеја.

– Ќе предложам да станам амбасадорка во Чешка. Потекнувам од таму, чешкиот е мој мајчин јазик, сите ме знаат. Позната сум во светот, не само во Америка. Напишав три книги, ги преведоа во 40 земји на 25 јазици. Позната сум како Ивана, навистина не ми е потребно презимето Трамп – рекла поранешната сопруга на Доналд Трамп за таблоидот „Њујорк пост“.

Портпаролот на претседателот на Чешка, Милош Земан, кој во кампањата го поддржа Трамп, молскавично реагирал и изјавил дека тоа би бил „одличен избор“.

Чешкиот претседател е во кавга со сегашниот амбасадор на САД во Прага, Ричард Шапиро, и одбива да се сретне со него. Причината за тоа е што Шапиро минатата година рекол дека Милош Земан веројатно ќе биде единствениот шеф на држава членка на Европската унија на големата воена парада во Москва по повод годишнината на крајот на Втората светска војна која лидерите на ЕУ ја бојкотираа.

Земан тогаш му се налутил на амбасадорот и рекол дека во иднина вратата на претседателскиот замок Храдчани е затворена, но под притисокот на чешката јавност и на владата попуштил и во Москва отишол да им оддаде почест на советските војници кои загинаа ослободувајќи ја Чешкословачка од фашистите и како соломонско решение ја избегна самата воена парада на Црвениот плоштад така што билатерално во тоа време се сретна со словачкиот премиер Роберт Фиц.

– По изборот на Доналд Трамп за претседател на САД односите со Чешка нема да бидат оптоварени со некои несогласувања како што е не баш професионалниот пристап на амбасадорот Шапиро, кој на претседателот на Чешка му дава совети коишто никој не ги барал – каде да патува или да не патува – рекол Земан по изборот на Трамп за претседател на САД.

Чешката скијачка и манекенка Ивана Зелничкова (68) се омажи за Доналд Трамп во 1977 година, а постепено го надминаа „валканиот“ развод од 1992 година кога дури тврдеше дека Трамп ја силувал и сега се во пријателски односи. Ивана и Доналд од бракот ги имаат децата Доналд Џуниор (1977), Иванка (1981) и Ерик (1983). Кога на крајот на 1990 година беше откриено дека Доналд има вонбрачна врска со актерката Марла Мејпс, покрена спектакуларна бракоразводна парница кој беше завршена со судска спогодба во 1992 година. Дoналд на Ивана ѝ исплати 25 милиони долари, а таа при исплатата ја изговори познатата реченица, на коja многу жени со задолство ѝсе придржуваат: „Немојте да се лутите, земете му сè.“