Број на текстови објавени денес: 46

Зошто се прислушувале бизнисмените, дали снимките се користени за уцени и преземање фирми

target-777x437

По вчерашната објава на Специјалното јавно обвинителство дека дел од бизнисот бил мета на прислушувањето се отвораат низа на прашања, кои бизнисмени и зошто биле прислушувани, дали снимките биле користени за бизнис интереси, уцени, зделки, превземање фирми.

– Со ваквата пракса на прислушување, бизнисот е ставен во немилосрдна положба – коментира бизнисменот Венко Глигоров за 24 Вести.

Тој не ја исклучува можноста информациите од прислушуваните разговори да се користеле за местење на тендери, уценување и обезбедување на послушност од стопанственците.

Бизнисмените велат дека е тажно во една правна држава, наместо тој што треба да ве чува, всушност да ве слуша.

Мендерес Кучи од стопанската комора на Северозапдна Македонија, вели дека по објавата на бомбите престанале да разговараат по телефон.

Мегу бизнисмените и звучни имиња како банкарот Хари Костов.

Тој во рекација до јавноста посочи:

„Загрижува фактот дека слушањето на моите приватни и службени разговори е правено противзаконски и за сметка на нечии лични интереси. При тоа, не се работи за Хари Костов како физичко лице, туку и како претставник на деловна институција, која според законот располага со деловни тајни, а со чие прислушување некој ги злоупотребил за стекнување нелојална конкурентска предност или за свои лични интереси“, Хари Костов, Комерцијална банка.