Број на текстови објавени денес: 60

Зошто никако не треба да го одложувате одењето во тоалет!

16714238105819f7469106e781225769_v4-big

Запекот или опстипацијата не е проследена само со непријатната подуеност на стомакот, туку како последица на нередовното празнење на цревата се јавуваат бројни нарушувања на здравјето.

Честите опстипации можат да бидат причина за појава на хемороиди, главоболка, непријатен здрив, проблеми со кожата, како и замор и општа малаксаност.

Дополнителен проблем кој се јавува поради нередовно и отежнато празнење на цревата е интоксикацијата на целиот организам. Бидејќи, поради нарушената цревна флора се ослободуваат гасови кои потекуваат и кои, кога се таложат во цревата по пат на циркулацијата одат до сите други ткива и органи.

Денес од запек страда секој шести жител на планетата, додека овој проблем е почест кај жените.

Причините за опстипација можат да бидат бројни, додека како најчести се издвојуваат брзата храна, недоволниот внес на овошје и зеленчук, газирани сокови, алкохол, силни зачини, кафе и цигари, премногу обилни и нередовни оброци, јадење „од нога“ без доволно џвакање, недостиг на течноси, долготрајно седење, недостаток на физичка активнст како и наптнатост и стрес.

Кај постарите од 65 години најдоминантна причина за појава на отежнато празнење се дегенеративните промени кои го погодуваат дебелото црево, поради кои тоа сè послабо реагира на иритациите, дразнењата и не се празни во целост и во правилни временски периоди.

Освен наведените причини, опстипацијата може да биде последица на некои гастроентеролошки заболувања, како што е честа и кај оние кои страдаат од нарушување на работењето на тироидната жлезда.

Зачестената терапија со аналгетици и антибиотици, како и долготрајната употреба на антидепресиви исто така придонесува за нарушениот и нередовниот ритам на празнењата на цревата.

За општи мерки на превенција на запекот лекарите советуваат редовни оброци богати со диетални влакна, повеќе вода и билни чаеви, физичка активност и неодложување на потребата за одење во тоалет.