Број на текстови објавени денес: 70

Златна зора ја поздрави победата на Трамп

grcija-zlatna-zora

Грчката неофашистичка партија Златна зора го поздрави изборот на Доналд Трамп за претседател на САД, нарекувајќи го победа против „нелегалните мигранти“ и во корист на етнички „чисти“ држави.

– Ова беше победа за силите кои се противат на глобализацијата, кои се борат со нелегалната миграција и се за етнички чисти држави, за само-доволност во националната економија, изјави портпаролот на партијата Илиас Касидиарис во видео порака објавена на „Јутјуб“.

– Почнува голема глобална промена, која ќе продолжи со преовладување на националистите во Австрија, Мари ЛеПен во Франција и Златна зора во Грција, додаде тој.