Број на текстови објавени денес: 49

Земјотрес на Крит

zemjotres11

Земјотрес со интензитет од 3,7 степени според Рихтеровата скала го погоди денеска грчкиот остров Крит, соопшти Институтот за геодинамика во Атина.

Епицентарот на потресот бил на осум километри северно од Тилисос и 11 километри северозападно од Ираклион.

Како што јави дописникот на МИА од Атина, нема извештаи за повредени лица. ј