Број на текстови објавени денес: 50

Земјотресот во Италија го помести тлото за 70 сантиметри

download-1542

Во областите во Италија, кои во неделата ги погоди земјотрес со јачина од 6,5 степени според Рихтеровата скала, тлото е поместено за 70 сантиметри, соопштија денеска италијанските научници.

Сателитските снимки потврдија дека земјотресот кој во неделата ја погоди Италија, деформирал површина поголема од 130 квадратни мертри, се наведува во соопштението на Националниот истражувачки центар.

Тлото е најмногу поместено во регионот Кастелучо, во близина на малиот град Норча, кој се наоѓа на само шест километри од епицентарот, стои во соопштението.

Како што пренесува Танјуг, во тој регион толото е поместено во страна или потонато за 70 сантиметри.

Земјотресот регистриран во неделата беше најнов во низата сеизмички потреси кои го погодија центарот на Италија оваа година, а по него следеа уште околу 1.100 потреси, соопшти Националниот институт за геофизика и вулканологија.