Број на текстови објавени денес: 0

Земјотресот во Албанија почувствуван и во Македонија

zemjotres-1

Земјотрес со магнитуда од 4,4 степени според Рихтеровата скала утрово ја погоди Албанија, а беше почувствуван во северозападна Македонија, информира Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје.

Земјотресот се случил во 06.08 часот.

Во Македонија е почувствуван во северозападните делови со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала.