Број на текстови објавени денес: 0

Земјата која има девет валути и воведува нова

%d0%b7%d0%b8%d0%bc%d0%b1%d0%b0%d0%b1%d0%b2%d0%b5

Зимбабве воведува уште една валута и ќе се вика долар, но нема никаква врска со американскиот долар.

Овој потег државата го објаснила со обидот да го ублажи хроничниот недостиг на пари. Зимбабве инаку користеше различни валути откако нејзниот долар што беше национална валута е срушен и повлечен од употреба заради хиперинфлација и масовно печатење на пари.

Покрај американскиот и австралискиот долар државата има воведено и јужноафрикански ранд, евро, фунта, јен, јуан, индиска рупа и африканска пула.

Зимбабве сега се обидува со новите апоени од два и пет долара да гои олесни барем локалните трансакции. Многумина веруваат дека ова е прв чекор кон повторно воведување на единствена домашна валута. Еконосмки аналитичари пак не се сигурни која е целта на воведувањето нова валута.