Број на текстови објавени денес: 70

Здравствен проблем којшто мачи 75 отсто жени!

zena-bol-stomak-ginekoloski-problem-foto-profimedia-1479751026-1040431

Проблем со којшто жените во текот на животот се соочуваат е вагиналната габична инфекција, која умее да биде многу напорна.

Габичната инфекција најчесто се јавува поради употреба на антибиотици, носење мокри гаќи во лето, користење претерано агресивни средства за интимна нега, но и поради исхрана богата со јаглехидрати.

Главни симптоми може да бидат чешање, обилен бел секрет и црвенило на слузокожата, а оваа инфекција погодува и до 75 отсто жени во текот на животот…

Што повеќе од сè придонесува за развојот на габичките? Покрај гореспоменатите причини, постојат уште неколку причини што влијаат на вагиналната габична инфекција, којшто најчесто се појавува при пад на имунитетот. Две до три вакви инфекции годишно не се причина за голема загриженост, но сè што е над тоа, е загрижувачки.

– Консумирање големи количини алкохол
– Стресен живот и малку сон
– Исхрана богата со т. н. кисели производи
– Носење премногу тесни гаќи и тесни панталони
– Секојдневна употреба на дневни влошки
– Бременост и дијабетес
– Перење на гаќите на температура пониска од 60 степени

Одењето кај гинеколог сè уште е најдобро решение за овој проблем.