Број на текстови објавени денес: 46

Здрави, а дебелеат: Пет производи после кои ќе останете гладни

126052_dorucakprofimedia0219315786_630x0

Каква храна и да изедете, дури и онаа којашто е со празни калории, некое време после тоа ќе останете сити. Но, прашањето коешто се наметнува е колку време ќе помине додека повторно не почувствувате глад?

Во поголемиот дел од случаевите најважен е соодносот помеѓу мастите, влакната и протеините. Ако сето тоа е доволно застапено, подолго време ќе останете сити, порачуваат нутриционистите.

Но, постојат и сосема здрави намирници коишто никако нема да ја смират вашата глад.

Леб од цело зрно

Точно е дека содржи доста влакна, но му недостасуваат масти и протеини. За да го корегирате тој проблем, додадете му здрави масти како на пример путер од јаткасти плодови, јајце или авокадо.

Овошен сок

Овошјето е полно со витамини, минерали и влакна, но нема ниту најмалку протеини или масти. Дури и кога сокот е во потполност од овошје, вашето тело поинаку ги доживува намирниците коишто се во цврста и течна состојба. Поради тоа, колку и да е хранлив сокот, секогаш е подобро конкретното овошје да го изедете во цврста состојба.

Зелено смути

Тие имаат малку калории, многу овошни шеќери, но ниту најмалку протеини и масти, па набрзо после нив и повторно ќе бидете гладни. Што тогаш да направите? Двојно зголемете ја дозата на зелен зеленчук, но додадете и авокадо или путер од јаткасти плодови. Може да додадете и некој протеин, како на пример оној од грашокот.

Белки

Имаат три до четири грама протеини, што би требало да биде доволно за да останете сити, но имаат малку калории и речиси воопшто немаат масти. Токму затоа слободно додадете и некоја жолчка.

Кисели краставички

Тие, и генерално целата туршија содржат пробиотици, што е одлична вест, но се и многу солени, порадишто останувате жедни и побрзо чувствувате глад. Затоа, намалете го количеството на туршија и потрудете се после тоа да испиете доста вода.