Број на текстови објавени денес: 70

Зголемен товарниот и карго превозо

%d1%82%d0%be%d0%b2%d0%b0%d1%80%d0%b5%d0%bd-%d1%81%d0%be%d0%be%d0%b1%d1%80%d0%b0%d1%9c%d0%b0%d1%98

Во третиот квартал годинава, во споредба со истиот квартал лани, количеството на превезената стока во товарниот патен превоз е зголемено за 72 проценти, во железничкиот превоз за 3,8 проценти, во воздухопловниот превоз зголемувањето изнесува 23,3 отсто, објави денеска Државниот завод за статистика

Во однос на вториот квартал годинава количеството на превезената стока во товарниот патен превоз е зголемено за 20,5 проценти, во воздухопловниот за 20,7 проценти, а во железничкиот превоз зголемувањето изнесува 44,4 отсто.

Според статистичките податоци, во третиот квартал годинава, споредено со истиот квартал лани, во патниот патнички превоз, бројот на превезените патници е намален за 7,9 проценти, а во железничкиот превоз е регистрирано намалување за 46,6 проценти. Во градско-приградскиот превоз е на ниво од претходната година, додека бројот на превезени патници во воздухопловниот превоз е зголемен за 5,2 отсто.

Споредено со вториот квартал годинава, бројот на превезени патници во патничкиот превоз е зголемен за 0,9 проценти, во градско-приградскиот за 22,4 проценти, во железничкиот за 2,9 проценти, додека во воздухопловниот превоз зголемувањето изнесува 23,3 отсто.