Број на текстови објавени денес: 60

Зврлевски не е сигурен дали училиштата можат да бидат партиски штабови?!

gruevski-bistrica1

авното обвинителство испитува дали има елементи на кршење на Изборниот законик во случајот со отворање на штаб на ДУИ во училиште во скопската населба Чаир, како и со поставување на сликата на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски во училиште во Бистрица.

– За двата случаи се оформени предмети кои се доставени до привремената комисија која постапува по предметите поврзани со изборни нерегуларности. Ќе се разгледаат фактите и ќе се утврди дали има елементи на кривично дело – вели Елизабета Неделковска, портпарол на ЈО.

Штабот на ДУИ, како што објавија дел од медиумите, е отворен во основното училиште „Јашар Беј Шкупи“, во населбата Дуќанџик.

Новинарски екипи синоќа се обиделе да го снимат овој штаб, но биле спречена од членoвите на оваа политичка партија кои во тој момент биле внатре во штабот. Членовите на ДУИ првин им рекле дека за да снимаат треба да имаат дозвола, а потоа почнале да им се закануваат дека не смеат да објават никаква снимка.

Портпаролот на ДУИ, Бујар Османи денеска вели дека не е точна информацијата дека имаат штаб во училиштето, но не дава одговор на прашањето, што таму правеле нивните членови и зошто не им дозволиле на новинарските екипи да снимаат.

Во саботата беа објавени фотографии од OУ „Крсте Петкoв Мисиркoв” вo село Бистрицa, Битoлa, каде се гледа закачена фотографија од лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски. На фотографиите можеше да се види дека во училиштето се поставени и други партиски обележја како знамето и грбот.

Од ВМРО-ДПМНЕ немаат никаков коментар за овој настан.

Љупка Гугучевска, советник во Државната изборна комисија објаснува дека на денот на гласањето во училиштата не смее да има партиски штабови, но за време на кампањата не може да каже и дополнително ќе се консултира со членовите ДИК.

Со Изборниот законик е забрането за политичка кампања да се користат училиштата, како и во овие објекти да се истакнуваат партиски обележја.

Во Изборниот закони се наведува дека во училиштата не смее да се организираат митинзи и други јавно партиски настани, но нема прецизна одредба околу партиските штабови. Упатените велат дека иако не е прецизно наведено, сепак од одредбите кои постојат произлегува дека во училиштата не смее да има партиски штабови.