Број на текстови објавени денес: 0

За 29 дена фирмите ќе го казнат Груевски зашто ги сотре

sdsm-14

Никола Груевски пишува фб статуси за наводни нови работни места затоа што не може да ги погледне во очи граѓаните што 10 години ги лаже. Во тие 10 години, власта на Груевски затвори најмалку 10.000 домашни фирми, реагира СДСМ.

„Колку не мислеше Груевски на домашните фирми покажува тоа што домашните претпријатија добиваа мизерни 2 евра државна помош, годишно! Овие погрешни политики на Груевски се нотирани и во Извештајот на Европската Комисија кадешто се забележува дека е намален бројот на новоотворени домашни фирми! Никола Груевски ги уништи домашните фирми преку огромните казни и давачки што ги спроведе со неговите соработници, а не обезбеди странски инвестиции како што ветуваше, поради што Македонија е на дното по странски инвестиции во регионот и во Европа. За целата деценија владеење, работат само бизнисите на Груевски, Мијалков и фамилијата, кои крадат од граѓаните и ги сиромашат, поради што над 500.000 граѓани живеат под прагот на сиромаштија, а над 626.312 илјади луѓе ја напуштија Македонија. Груевски го изгуби правото што било да ветува, ниту пак ја заслужува довербата на граѓаните. Граѓаните на 11 декември ќе ги казнат Груевски и фамилијата и ќе изберат живот во Македонија!“, се наведува во реакцијата на СДСМ.