Број на текстови објавени денес: 65

За една година – прва трансплантација на глава

operacija2
Италијанскиот неврохирург Серџо Канаверо се наоѓа на чекор од првата трансплантација на човечка глава, а првиот пациент што ќе добие ново тело би требало да биде Русинот Валериј Спиридонов.

Неврохирургот најавил дека првата трансплантација на глава ќе биде изведена во следните 12 месеци. Валериј, доброволецот кој се пријавил за оваа револуционерна процедура, има 30 години и страда од мускулна атрофија.

Канаверо објави дека неговиот пациент најголем дел од подготовките ќе ги помине во систем на виртуелна реалност (виртуелен свет), за да се навикне на своето ново тело.
„Тоа е свет во кој пациентите ги подготвуваме за нов живот во ново тело на најдобар можен начин и тоа со помош на тело со кое ќе можат да се движат повторно или по прв пат во животот“, изјавил доктор Канаверо.
Освен виртуелен свет, претставен е и хируршки скалпел со чија помош ќе се изведува операцијата. Скалпелот прави рез од еден микрометар, што значи дека со оваа софистицирана технологија може да се изведат прецизни резови потребни за ваква хируршка интервенција.
Трансплантација на глава на пациенти кои се неподвижни од вратот надолу би можела да им даде шанса за нормален живот.
Секако, има и критичари на планот на неврохирургот Канаверо, кои велат дека никој не може да знае како е да се живее во туѓо тело. На критиките, посочил научникот, одговарам така што им велам на луѓето да си замислат како би било да живеат додека им пропаѓаат мускулите.
Канаверо, заедно со кинески експерти, во јануари годинава успешно изврши трансплантација на глава од мајмун. Мајмунот живееше само 20 часа, со оглед на тоа што тимот не ја споил главата со рбетниот столб, туку зафатот бил изведен исклучиво со цел да се докаже дека е можен и дека пациент со споен доток на крв може нормално да живее.