Број на текстови објавени денес: 70

Затоплување на односите – нов турски амбасадор во Израел

%d1%82%d1%83%d1%80%d1%86%d0%b8%d1%98%d0%b0-%d0%b8%d0%b7%d1%80%d0%b0%d0%b5%d0%bb

Новиот турски амбасадор во Израел, Кемал Јокем ќе стапи на должност на 12 декември, јави турската телевизија НТВ.

Според телевизијата, Јокем ќе замине во Израел на 10 декември и во следните два дена ќе ги заврши сите формалности поврзани со стапувањето на должност во дипломатското претставништво на Турција во Тел Авив.

Со стапувањето на должност на Јокем, турската Амбасада во Израел ќе почне со работа под раководство на амбасадор по 6-годишен прекин.

Јокем е експерт за Блискиот исток и бил надворешнополитички советник на поранешнито премиер Ахмет Давутоглу. Новиот израелски амбасадор во Анкара, Ејтан Наех вчера официјално стапи на функција.

Односите меѓу Турција и Израел се влошија во 2010 година откако израелски командоси убија 10 турски активисти од бродот Мави Мармара кој се обиде да ја пробие израелската блокада во Појасот Газа и да достави хуманитарна помош за Палестинците.