Број на текстови објавени денес: 18

Заталкан куршум го погодил в глава додека го возел своето бебе

kursum11

На булеварот Илинденска во Тетово, вчера околу 15 часот, додека 28-годишниот тетовец З.П. заедно со својата сопруга С.П. (25) и со нивното бебе, се движеле со своето возило „ситроен“ со тетовски регистарски ознаки, возачот слушнал удар на покривот од возилото и во истиот момент почуствувал болка во пределот на главата.

Веднаш се паркирал и излегол од возилото, при што забележал дека од главата му тече крв. Од страна на случаен минувач бил пренесен во Клиничка болница Тетово, каде од страна на лекар му била констатирана повреда во пределот на главата и по укажаната лекарска помош бил пуштен на домашно лекување.

Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР Тетово, при што во возилото било пронајдено зрно од куршум со калибар 7,62 мм, кој е подигнат за вештачење.