Број на текстови објавени денес: 0

Запалено наследство на „Секс пистолс“ во знак на протест

capture2

Син на починатиот Малколм Мекларен и креаторката Вивиен Вествуд, насред Темза запалил предмети поврзани со панк бендот, вредни 6 милиони долари, во знак на протест против тоа што денес панкот се искомерцијализирал.

„Панкот никогаш, никогаш немаше за цел да биде носталгичен. Панкот стана само уште една маркетинг алатка за продажба на нешто што не ти треба“ изјавил Џо Кор, синот на Малколм Мекларен кој беше менаџер на „Секс Пистолс“.

Спалувањето на дел од имотот на групата бил предизвикан од промоција на низа настани во склоп на „Панк Лондон“. Џо Кор смета дека „естаблишментот го приватизирал, спакувал и кастрирал панкот“.

На 26 ноември навршија 40 години откако „Секс Пистолс“ го објавија деби синглот „Anarchy in the UK”.

„Секс пистолс“ се појавија во 1975 и објавија само четири сингла и еден студиски албум „ “Never Mind The Bollocks, Here’s The Sex Pistols”. Бендот постоеше само две и пол години, но и со толку краток век тие продолжија да го промовираат духот и ентузијазмот на панкот.

Многу групи и денес се поврзуваат со нивниот музички стил и се под нивно влијание.