Број на текстови објавени денес: 0

Заеднички специјални сили на Бугарија, Словенија, Унгарија и Хрватска

%d0%b7%d0%b0%d0%b5%d0%b4%d0%bd%d0%b8%d1%87%d0%ba%d0%b8-%d1%81%d0%b8%d0%bb%d0%b8

Бугарија, Словенија, Унгарија и Хрватска започнаа процес на формирање заеднички специјални воздухопловни сили, кои во иднина би можеле да учествуваат во различни мисии, како на пример борби против терористите во реонот на Медитеранот и северна Африка, објави загрепскиот весник „Јутарњи лист“.

Според весникот, станува збор за соработка за која се реши Хрватска, по разгледување на неколку модели на обезбедување на обука и евентуална меѓународна поддршка, во соработка со сојузниците од НАТО.

Преговорите за формирање заеднички специјални сили меѓу четирите земји започнаа уште минатата година, кога нивните министри за одбрана потпишаа писмо со намери за соработка во оваа сфера.

„Јутарњи лист“ наведува дека е предвидено овие сили да бидат оспообени за инфилтрирање во позадината на непријателските позиции, за борба против тероризмот и за спроведување акции за евакуација на сопствените сили од територии под конторла на непријателот.

Заедничките специјални воздухопловни сили на Хрватска, Словенија, Унгарија и Бугарија би биле нешто како британските САС единици, наведува „Јутаењи лист“.

Веникот тврди дека главен промотор на оваа идеја се САД, кои веќе подогло време се залагаат за формирање база за обука на специјални сили на територијата на Хрватска, која во иднина би се користела за операции на НАТО во реонот на Средозменото Море и северна Африка.

Како можна локација за оваа база се споменува воениот аеродром Удбина, кај Задар.

Извори во хрватското Министерсво за одбрана за „Јутарњи лист“ потврдиле дека започнало формирањето на мултинационалните специјални воздухопловни сили, но дека целиот процес засега е во иницијална