Број на текстови објавени денес: 86

Заев: Јасно е, работите мора да се променат (ВИДЕО+ГАЛЕРИЈА)

zaevkrivogastani4

Денеска сме во Кривогаштани еден од нашите најземјоделски региони производители на тутун, но и на компири, и на кромид, и на пиперка, и на многу други земјоделски култури. Имаме прилика да го посетиме пазарот, да поразговараме со луѓето кој продаваат на пазарот, но и тие што купуваат. Навистина сите се жалат од оваа пуста сиромаштија која што ја има зафатено нашата земја, народот нема пари, цените се многу ниски, ниту има промет, така да не се задоволни ниту тие што продаваат, ниту тие што ги купуваат производите, рече лидерот на СДСМ, Зоран Заев.

Притоа тој рече:

„Едно е јасно работите мора да се променат во Македонија, еден дел од она што ќе посветиме огромно време и достоинствено внимание, е земјоделецот и неговиот живот. Овде во кривогаштани треба да знаат тутунопроизводителите, дека тутунските класи при откупот ќе ги симнеме на 3 класи, од досегашните 4. Првата класа ќе биде субвенционирана со 80 денари субвенција, втората со 70 денари субвенција, и третата класа ќе остане 60-те денари. Целта е да мотовираме квалитетно производство, но секако и повеќе пари кај граѓаните.

Директно најважна задача на новата Влада ќе биде да обезбеди плсман на земјоделските производи. Да ги повикаме и отвориме можностите на секаде каде досега не се отворени за Република Македонија и за нашите земјоделски производи, тоа е блискиот исток, тоа се руските пазари, тоа се бившите Советски републики, сите овие земји каде што буквално постои сериозен, огромен потенцијал којшто може да абсорбира голем дел од нашето производство. Да створиме натпревар помеѓу откупувачите кој ќе плати повеќе тој да го купи нашето земјоделско прозиводство.

Истовремено животот во селото мораме да го подобриме, геренално имаме огормен број на возрасни луѓе којшто наполниле 62 и 64 години и немаат пензија, никој не се прашува од што живеат тие луѓе. Ќе ја воведеме и социјалната пензија за да можат овие луѓе да го истераат животот до крајот колку Господ дал со достоинстевни примања, за да можат достоинствено да живеат.

Огромен број од мерките којшто зафаќаат економски дел од програмата се однесуваат конкретно на земјоделието, но сепак она што претставува најважно покрај земјоделските субвенции, покрај пласманот, е и намалувањето на трошоците во земјоделието. Ќе ја воведеме зелената нафта, ќе ги намалиме огромниот дел на даноците за репро матријалите во делот на земјоделството, ќе поттикнеме окрупнување на земјоделство земјиште се со конечна цел да имаме помалку трошоци за земјоделството произвоство, а повеќе високи цени со што ќе останат повеќче прари кај самите земјоделци, јас верувам дека ваквите промени од човек којшто рабоетл земјоделие, човек којшто ја знае во суштина маката на земјоделецот дека се возможни во Република Македонија и конечно ќе покажаме дека завршува времето да нашиот земјоделец, биде најсиромашниот земјоделец на светот.

Ве уверувам дека има перспективи 11-ти декември доаѓа, сите опции се пред нас и верувам дека народот ќе даде огромна поддршка за сите овие промени којшто ги очекуваат широм целата наша земја“.