Број на текстови објавени денес: 70

Заев: Силно ќе ги поддржиме земјоделците, доаѓа живот за сите! ВИДЕО

%d0%b7%d0%b0%d0%b5%d0%b2%d0%b7

Денеска заедно со кандидатите за пратеници од струмичкиот регион, сум во мојот струмички регион. Во дневната агенда, секако поручек веќе сме во источниот дел на Македонија Пробиштип и Штип, но секогаш дома е најдобро, поддршката е најголема, рече денеска од струмичко Ново Село лидерот на СДСМ, Зоран Заев, лидер на СДСМ и носител на кандидатска листа на СДСМ и опозицијата во ИЕ4.

– Имавме можност да поминеме во неколку населени места, поминавме во Смоларе, поминавме во Самоилово, еве сме во Ново Село, продолжуваме во Секирник, во Турново, во Моноспитово, во Босилово. Она што го гледам е, и во овој мој струмички крај се заминати млади луѓе, хара сиромаштија, разочарани земјоделци, а го имаме најработливиот крај во Македонија. Овде земјоделието знаело да ја храни половина Југославија. Овие работници, луѓе бараат само фер шанса за достоинствен живот, со доволно пари, ко што ќе бидат платени од нивната пот, од нивната заработувачка. Тоа што го испративме како порака до сите е дека доаѓа живот во Македонија. Доаѓа живот за сите! И за земјоделците, и за работниците, и за младите, но и за пензионерите, и за сите во оваа наша земја – порача Зaeв.

Во земјоделството, коешто е најзначајна гранка од која што живеат најголем број на граѓани во овој наш струмички регион, најважната работа за новата власт ќе биде пласманот на земјоделското производство, отворање на новите пазари, зголемен натпревар помеѓу откупувачите кој ќе го плати повеќе за земјоделското производство, тој да го купи, истакна Заев. Тој објасни дека на тој начин ќе бидат повеќе платени производите со повисоки цени, а парите ќе останат кај граѓаните.

– Субвенциите ќе бидат 160 милиони годишно, но тие ќе стигаат навремено, тогаш кога им требаат на земјоделците и ќе стигнат до вистинските земјоделци. Да бидат навистина сериозна поддршка во земјоделието, персоналниот данок во земјоделството ќе го укинеме, ќе ја воведеме државната социјална пензија, но и ќе инвестираме во комуналната инфаструктура за да го направиме животот на село барем приближно еднаков во делот на инфраструктурата и она што значи секојдневно живеење на граѓаните со живтот во градовите во Македонија. Јас сум убеден дека ако ни живеат, граѓаните којшто живеат на село, ако имаат пари, тогаш ќе ни живеат и градовите – рече Заев.