Број на текстови објавени денес: 46

Заев: Просечна плата од 500 евра, грантови од 10.000 евра за започнување бизнис (ВИДЕО)

%d0%b4%d0%b5%d0%b1%d0%b0%d1%82%d0%b0-%d0%b7%d0%b0-%d0%bc%d0%bb%d0%b0%d0%b4%d0%b8%d0%bd%d1%81%d0%ba%d0%b0-%d0%b3%d0%b0%d1%80%d0%b0%d0%bd%d1%86%d0%b8%d1%98%d0%b0-%d0%be%d0%b1%d1%80%d0%b0%d1%9c%d0%b0

Лидерот на СДСМ Зоран Заев денеска пред младите во Скопје ја презентира програмата План за живот во Македонија.

– Денеска ги ставаме темелите на новото модерно време. Се што ќе зборуваме во оваа кампања ќе биде за младите и заради младите. Се што треба да направиме во овие 20 дена ќе биде токму тоа, но најважно од се, се што ќе се случува во Македонија од 12 декември натаму ќе биде за перспективите за младите и за гледање со нивни очи иоднина овде во Македонија. Го насловивме ова План за живот во Македонија. Ние веруваме дека севкупниот апсект на животот е одговор на сите дилеми кои што ги преокупираат младите денеска, како што ги преокупираат и мнозинството граѓани во Македонија. Убеден сум дека ќе успееме, јас знам дека ќе победиме, но уште денеска треба да ги ставиме темелите на ова ново време за кое сите се бориме, а јас неуморно и недвојбено верувам дека ни е дофат.  Веќе сите победивме, да немате дилеми. Целиот овој процес позади нас, го клекна режимот на колена. Режимот е избезумен. Денеска преку оваа кампања ги правиме првите чекори кон новото модерно време на кое сите му се радуваме. Јас сум убеден во тоа и сакам младите да ги гледам со подигнати чела, храбро и одважно, заради тоа што стоите на страната на Република Македонија – рече Заев.

 

Тој најави просечна плата од 500 евра, грантови од 10.000 евра за започнување бизнис, бесплатен деловен простор за сите старт-ап компании и евтини кредити со еден отсто камата до 15.000 евра, 140 милиони евра директна помош за домашните компании за отворање нови работни места. Лидерот на СДСМ посочи дека програмата „План за живот“ е на 263 страници и испечатена во 100.000 примероци.

– Достапност до евтини кредити со еден отсто каматна стапка во вкупна вредност до 15.000 евра, тоа се мерки коишто ќе овозможат на младите дополнително да имаат опции за стимул да растат во бизнисот, а тие да бидат храбри донесувачи на одлуките и секако за секој старт-ап бесплатен деловен простор каде ќе имаат обезбедено сметководствени услуги, архивирање, сето она што значи одржување на самите системи и компании коишто ќе бидат во зародиш и коишто ќе се создаваат – рече Заев.

Најави дека секој бизнисмен кој ќе отвори работно место за млад човек, помлад од 32 години ќе добие 10 отсто повеќе од тоа што го следува по закон како стимулација.