Број на текстови објавени денес: 0

Заев: Парите наместо во џебот на фамилијата, ќе влезат во џебот на граѓаните ВИДЕО

%d0%b7%d0%b0%d0%b5%d0%b2%d1%86%d0%b8

Додека Груевски се бори парите од граѓаните да влезат во фамилијата, нашата борба е парите да влезат во џебот на граѓаните и тоа така ќе биде после 11 декември во Република Македонија. Не може Македонија да ја има најбогатата партија во Европа и најсиромашните граѓани на Балканот, рече лидерот на СДСМ, Зоран Заев на денешната прес конференција.

– Преку мерките за зголемување на социјалната помош, преку правичното одданочување, преку повраток на 15 отсто од данокот за додадена вредност на граѓаните ќе се враќаат парите на многу внимателен и сериозен начин. Преку ваквиот концепт, наша цел е граѓаните да бидат побогати во Македонија – вели лидерот на СДСМ.

Тој додаде дека две главни цели сакаат да се постигнат со овие мерки, побогати граѓани како и да се намалат социјалните разлики во Македонија. Според Заев, од овие две мерки зависи се вкупниот квалитет на граѓаните во Република Македонија.

 

фото и видео: А1 он