Број на текстови објавени денес: 0

Заев од Крушево: Никола заминуваш, доаѓа живот!

_ra16285

Претседателот на СДСМ на првиот митинг на СДСМ и коалицијата за живот во Македонија вечерва во Крушево го повика Никола Груевски на ТВ дуел.

– Ајде Никола повели на дуел, да ги соочиме фактите, да те прашам што ги боли граѓаните, па да ја платиш цената пред екраните за тоа што не се повлече три дена по бомбите. Ако си тоа што велиш дека си, нема да бегаш. Прифати дуел или замини среде кампања во политичката историја на Македонија. Пенкалото е кај граѓаните на Македонија! Тие на 11-ти Декември ќе изберат живот во Македонија! Режимот ќе падне на изборите – рече претседателот Заев во Крушево.

Заев пред бројните присутни, во позитивна атмосфера ја покажа и претстави Програмата на СДСМ и коалицијата за живот во Македонија.

– Главна цел на новата Влада ќе биде парите да ги врати во семејните буџети на секој од вас, граѓаните – порача меѓудругото Заев вечерва во Крушево.