Број на текстови објавени денес: 70

Заев незаконски бил слушан повеќе од 3 години

%d1%84%d0%b0%d1%82%d0%b8%d0%bc%d0%b51

Истрагата што е отворена под името „Таргет“ и се однесува на незаконското следење на комуникациите од страна на УБК ќе има импликаци врз предметот „Пуч“, рече денеска обвинителката Фатиме Фетаи од СЈО.

Од хард дискот доставен од лидерот на СДСМ Зоран Заев во СЈО е констатирано дека дел од комуникациите на дел од осомничените во „Пуч“ биле следени подолг период пред издавањето на судските наредби.

– Зоран Верушевски незаконски бил прислушуван најмалку 600 денови пред да биде издадена судска наредба, Соња Верушевска најмалку 816 денови, Бранко Палифров најмалку 90 дена пред судската наредба. Еден од броевите на Заев незаконски бил следен најмалку 1.150 дена, најголем дел пред да биде издадена судска наредба, а околу една година по истекот на судската наредба, а другиот број најмалку 400 денови.

Постои основано сомнение дека незаконското следење на телефонските комуникации од 2018 до 2015 е вршено со злоупотреба на системите на следење на комуникации во УБК.

– Незаконското следење продолжило и откако беше обелоденета аферата со прислушувањето. На 31.12.2015 незаконски биле следени 138 телефонски броеви, а доказите покажуваат дека процесот на злоупотреби продолжил и во 2016 година – рече Фетаи истакнувајќи дека се обезбедени не само вербални, туку и материјални докази за уништувањето на двата системи за кои се води истрагата „Тврдина“.

Нападот врз човековите слободи и права е најсилниот удар во едно цивилизирано општество. Сега е ред, таквото општество да возврати, истакна Фетаи.