Број на текстови објавени денес: 0

Заев: На крај памет не ми паѓа дека ќе му објаснувам на Груевски за ДДВ! ВИДЕО

%d0%b7%d0%b0%d0%b5%d0%b222

Сите пари ќе ги вратат во државата, во Буџетот, и ние како идна, сериозна, одговорна власт, сите пари ќе ги вратиме кон вас, кон граѓаните. На 5 главни точки се темели овој План. Враќање на парите кај граѓаните е една од нив. Како? Еден од начините е со враќање на 15 проценти ДДВ од секоја фискална сметка што ќе ја добиете, за се што ќе купите. Тоа што на Груевски не му е јасно, веројатно затоа што во ваквиот План за враќање на 15 проценти, има проценти назад за граѓаните, но нема проценти, провизии за фамилијата. Тоа е една плата плус за секое семејство. Но вакви проценти, Груевски никако не може да ги разбере, рече Заев на синоќешниот митинг во Тетово.

– На крај памет не ми паѓаше дека во време на кампања, ќе дојдам во ситуација да треба јас да му објаснувам на Груевски како функционира Влада, после неговото 10-годишно седење во кабинетот. Наводниот економист, магистер, се чуди зошто јас не сум го направил тоа досега во Струмица, и не можам да се изначудам, дека тој не знае, дека таква одлука носи Влада, општините не враќаат ДДВ, Владата е таа што носи вакви одлуки и таа што може да враќа ДДВ. И ветувам – новата Влада што ќе ја предводам, тоа ќе го направи за сите граѓани на Република Македонија! Ќе враќаме пари назад! Назад кон граѓаните – рече Заев.

Тој пред тетовци рече дека ќе има просечна плата од 30.000 денари и минимална плата до 16.000 денари за сите.

– Груевски 10 години тврдеше дека е нереално качувањето на минималната плата, а сега во неговото предизборно „Реално“ ви ветува наводна минимална плата од 14.000 денари. И пак за работниците во текстилната и кожарската индустрија помалку пари. Нив ги дели! За нив немало да има! Е ова е ЕДНА ОД РЕАЛНИТЕ ПОДЕЛБИ ШТО ГИ ПРАВИ, И ОВА НА 11 ДЕКЕМВРИ ЌЕ ЗАВРШИ! Завршува времето на делби во Македонија, Доста не делеа, доста поделби! Македонија плаче за единство, за сплотеност, за рамноправност. Македонија плаче за иднина, Македонија плаче за живот!  Успеав во Струмица, тоа со што Груевски не може да се помири, градот има меѓународен сертификат за поволно деловно опкружување, за најдобри практики за успешен бизнис и успешна администрација, за уникатен пристап до новите и постоечките претпријатија – истакна Заев.