Број на текстови објавени денес: 12

Заев: Мислете на утрото на 12 декември кога ќе се разбудиме слободни ВИДЕО

%d0%b7%d0%b75

Дел од говорот на лидерот на СДСМ, Зоран Заев, на синоќешниот митинг во Делчево:

 

„Нашата цел е 30.000 денари просечна плата во Република Македонија!
Во семејство со двајца вработени тоа се 60.000 денари! Нема да преживувате како сега – со овие пари, ќе можете да уживате во животот
Фрижидерите ќе ви бидат полни наместо како сега со конзерви и паштети, ако имате 30.000 денари прсечна плата.
Ќе си ги плаќате редовно сметките, наместо да им поднесувате дебели сметки во пари и здравје на извршителите, ако имате 30.000 денари просечна плата.
Ќе го израдувате вашето дете со омилената играчка од излогот што сега го заобиколувате зашто се плашите да не ви ја побара, а срцето ви се кине да му речете, немам, срамејки се, како да сте вие виновни што државата не ви обезбедила услови за пристоен живот – ако имате 30.000 денари просечна плата.
Ќе можете да си дозволите по работа и на кафе да седнете со пријателите, наместо да ја купувате најевтината кесичка кафе за дома, ако имате просечна плата од 30.000 денари.
Ќе си ја подновите и дневната, и детската соба, ќе си ставите прозорци што не дуваат, ќе си донесете панел за греење, ако имате просечна плата од 30.000 денари.
И нема повеќе да има АКО.
За 12 дена завршува АКО.
За 12 дена почнуваме да го реализираме Планот за живот во Македонија. Ќе има живот за сите, за сите во Македонија.
Силно ќе ги поддржиме домашните микро, мали и средни претпријатија, тоа се 100 пати повеќе пари отколку досега власта што има давано.
Сите пари од Буџетот ќе ги насопчиме кон граѓаните.
Ако луѓето имаат повеќе пари, тие ќе трошат повеќе. Ако трошат повеќе, ќе има повеќе пари во Буџетот. Ако има повеќе пари во Буџетот, ќе има не само за просечна плата од 30.000 денари, не само за минимална плата до 16.000 денари, ќе има и за училишта, и за амбуланти, и за добро платени професори и добро платени лекари кои ќе обезбедат квалитетно образование за вашето дете и достапно здравство за сите.
Тоа го гарантира овој План кој се темели на европски вредности.
Ова е обмислен план, овој План се темели се темели на наука, историја и факти.
Тргнавме од она што им е потребно на граѓаните, за да обезбедиме живот.
За да има напредок потребна е стабилна држава со стабилни државни политики и добри економски политики.
На Македонија и треба одговорна Влада, којашто ќе тргне да ги средува работите почнувајки од потребите на граѓаните.
Сакаме Македонија да функционира добро како успешните земји во светот и затоа го зедовме најдоброто од светот.
Овој План го плаши нашиот политички противник, овој План, бидејки овој План обезбедува живот за сите во Македонија.
Нема веќе крадење живот!
Ние сега ќе одземаме!
Се збунил Груевски.
Вели ќе има федерализација, кантонизација. НЕ, ќе има, конфискација, нема да има федерализација. Ќе го конфискуваме украдениот имот и ќе го вратиме назад кон граѓаните.
А што се однесува до Уставот, гарантирам, одличен Устав имаме, европски Устав, Уставот нема да дозволам никој да го смени. Уставот ќе се почитува, Уставот ќе се спроведува. НЕМА МЕНУВАЊЕ НА УСТАВОТ, бидете спокојни, не дозволувајте режимот повеќе да ве лаже, за да обезбеди нови 4 години власт, за уште да ве осиромашува, а тие да се богатат.
Има надеж за Македонија, има надеж за секој од нас, за секој од вас, промените се чувствуваат.
Секоја жртва вредеше вредеше, пишуваме историја, рушиме режим, носиме живот!
Мислете на утрото на 12 декември, кога ќе се разбудиме надежни и слободни дека почнува живот, еј живот во нашата Македонија“, рече Заев.