Број на текстови објавени денес: 17

Заев и Груевски утре се соочуваат на суд за предметот „Пуч“

%d1%81%d1%83%d0%b415

По неколку одлагања за утре во Основниот суд Скопје 1 е закажано рочиште за случајот „Пуч” во кој еден од обвинетите е и претседателот на СДСМ Зоран Заев. Минатотот рочиште беше одложено поради болен поротник, но не се појави и сведокот во случајот лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски.

Предметот „Пуч“ на почетокот беше воден од Основното јавно обвинителство, но од неодамна премина во надлежност на Специјалното јавно обвинителство.

Тогаш почнаа и проблемите со преземање и на доказите кои ОЈО не брзаше да им ги предаде на СЈО. Тимот на СЈО почна да ги разгледува доказите директно во судот, а Апелацискиот суд дозволи СЈО да ги преземе сите документи во врска со предметот.

По барање на СЈО на утрешната расправа, како сведок, треба да се појави и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски.
Во предметот „Пуч“, за неовластено прислушување се обвинети Заев, Верушевски, неговата сопруга Соња Верушевска, Ѓорѓи Лазаревски, поранешен вработен во МВР и вработениот во струмичката општина Бранко Палифров.