Број на текстови објавени денес: 46

Заев им подели изборна програма на членовите на ВМРО-ДПМНЕ во Росоман

timthumb

Зоран Заев лидерот на СДСМ ги изненади членовите и симпатизерите на ВМРО-ДПМНЕ во Росоман. Тој се појави на нивниот штанд каде што беа собрани и им подели од изборната програма „За живот во Македонија“.

Членовите на ВМРО-ДПМНЕ, изненадени без збор ја зедоа изборната програма и пропаганден материјал на опозицијата предводена од СДСМ.

Според опозицијата и Заев сите граѓани треба да видат, чујат и прочитаат какви мерки нудат за по 11.декември, кои ќе ги реализира новата Влада за подобар живот во Македонија за сите граѓани.Заев им подели изборна програма на членовите на ВМРО-ДПМНЕ во Росоман