Број на текстови објавени денес: 0

Заев до неопределените: Пенкалото на вашиот живот е во ваши раце, гласајте!

%d0%b7%d0%b0%d0%b5%d0%b2-%d0%ba%d0%b8%d1%81%d0%b5%d0%bb%d0%b0-%d0%b2%d0%be%d0%b4%d0%b0

Разбудено е Скопје, водиме со двоцифрена разлика. Повеќе од 32 проценти се уште молчат, не се изјаснуваат. Знаете како, оваа Македонија не е само на нас. Македонија е на сите подеднакво. Ова е наша заедничка татковина, немаме друга. Сега, при очи ќе се правиме слепи, при уши глуви, при уста ќе молчиме?! Пенкалото на животот на вашите деца, пенкалото на вашиот живот е во ваши раце, рече  лидерот на СДСМ Зоран Заев вечерва во Кисела Вода обаќајќи им се на неопределените.

Тој рече дека со самото тоа што на анкетите мнозинска е поддршката за СЈО, се бара криминалците да одговараат, констатацијата е дека Македонија тоне, сето тоа е доказ дека граѓаните во Македонија сакаат промени.

– Време е за крик, да не молчиме, да излеземе во редици и да кажеме – Ова е наша земја, за нашиот живот се работи. Ајде заедно со нас да им покажеме на сите дека ако се сака се може. Заокружете 4 и изберете живот во Македонија! -, повика  Заев.