Број на текстови објавени денес: 0

Заев: Груевски ги пакува куферите, заминува од власт, се враќа власта кај народот

_ra11139

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, вечерва во Македонска Каменица порача дека рударите ги добиваат назад своите права, ќе се отворат нови работни места со просечна плата од 30 илјади денари.

– Оваа власт заминува, доаѓа живот во Македонија. Груевски ги пакува куферите, заминува од власт, се враќа власта кај народот –  рече Заев.

Toj на рударите им вети дека ќе го врати стариот закон за пензионирање на рударите.

– Не може бенефициран стаж да има секој, а рударите да се мачат – рече Заев.

Заев зборуваше и за клучниот темел во Планот на СДСМ, младите.

– Останаа и овде во Македонска Каменица родители солзи да леат, по скајп да ги гледаат своите деца. Ние се што имаме проектирано се однесува на нашата младина. Ако Груевски потроши 700 милиони евра за споменици и фонтани, и јас ќе потрошам 700 милиони евра, но за нови работни места. Сите ресурси на државата ќе бидат насочени кон отворање нови работни места. Просечната плата ќе биде 30 илјади денари, семејство со двајца вработени ќе има 60 илјади денари пари“, рече  Заев на вечерашниот митинг во Македонска Каменица.