Број на текстови објавени денес: 0

Заев во Струмица: Државата ќе гарантира откуп, доаѓаат промени на добро за земјоделците!

%d0%b7%d0%b0%d0%b5%d0%b2-%d1%81%d1%82%d1%80%d1%83%d0%bc%d0%b8%d1%86%d0%b0

Надежта е вперена во промените! Јас сум уверен и убеден дека со новите политики, од Планот за живот во Македонија, работите можеме да ги промениме. Она за кое што ќе посветиме најголемо внимание е да обезбедиме пласман на земјоделските производи и тоа да биде, секако, по достоинствени цени, изјави денеска во Струмица, лидерот на СДСМ и носител на кандидатската листа на коалицијата на СДСМ во изборната единица 4.

– Главна задача на идната централна власт ќе биде да ги отвори новите пазари, да створи конкуренција, натпревар помеѓу откупувачите овде, кој повеќе ќе го плати земјоделското производство, тој да може да го купи. Тоа е едно од најсериозните барања на земјоделците и тоа се очекува од идната влада да биде направено – рече Заев.

Додаде дека субвенциите ќе растат.

-Годишно ќе помагаме со 160 милиони евра субвенции, но тие ќе стигнат навремено и тогаш кога навистина им требаат на земјоделците, кога прават најголеми трошоци за подготовка, сеидба или она што значи организирање на земјоделското производство. За четиригодишен мандат тоа се 640 милиони евра, но тоа е само помош. При тоа ќе интервенираме со намалување на севкупните трошоци во земјоделското производство. Како намалување на давачките околу препаратите, околу вештачките ѓубрива, околу она што значи репроматеријали за земјоделско производство. Ќе ја воведеме зелената нафта, којашто за 50 проценти ги намалува севкупните трошоци за нафтата, бензините коишто се користат за наводнување, за трактори, за механизација на земјоделието рече Заев.