Број на текстови објавени денес: 17

Заев: Власта украла над 5,5 милијарди евра

download-1588

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев на митингот на опозицијата во Велес рече дека секој град се крева на нозе, оти народот бара слобода, демократија и слобода. Нагласи дека следува време на промени.

– Кога велев дека мора да си дадат оставки, Груевски тврдеше дека кажувам бајки. Ама, после тоа следува оставки. Тој една година е во оставка. Кога за МРТВ велевме дека ќе ја води независен новинар тој не веруваше. СЈО работи и ја враќа правната држава. Останавме не зборот. Ние ќе победиме, режимот ќе падне. Ние веќе победивме, сега е ред на народот. Што јас сè слушнав, само Господ не слушнал. Уништувале, краделе пари, товареле бродови, однеле над 5,5 милијарди евра. На 5 мај никој не можеше да не спречи, се ќе згазевме, на клоци да ги шутираме од Парламентот. Ама после тоа ќе немаше крај. Со пенкалото и гласот на народот ќе ги победиме. Граѓаните се на страната на вистината. Бидете горди на тоа – рече Заев.

Нагласи дека секој ќе им раскажува на внуците како ја одбранил Македонија од актуелниот режим.

– Зарем да се правиме слепи и глуви ако ние не ја спасиме Македонија? Живот на колена не е живот. Вие сте нечиј деца, брќа и сестри, вие сте чеда на Македонија. Гласајте за слободна мајка Македонија – рече Заев.