Број на текстови објавени денес: 70

Заев вети напредна и успешна Македонија (ВИДЕО)

z-zaev14

Ви ја ветувам Македонија со целата нејзина гордост, а вие, со целото достоинство и гордост како живеете токму тука, во Република Македонија, и како нашите деца живеат тука, и како ќе почне моментот и тие што ни заминаа да се вратат овде. Ви ветувам напредна, успешна Република Македонија, гордост на секој граѓанин подеднакво, што живее овде, рече лидерот на СДСМ, Зоран Заев при вчерашното обраќање пред делегатите на 21. Конгрес на партијата на кој се утврдуваа кандидатските листи за парламентарните избори на 11 декември.

– Ова го заслужувате почитувани делегати поради историската одлуката што вечерва ја донесовте. Вие од името на СДСМ вечерва потврдивте дека не веруваат само граѓаните во граѓанскиот концепт. Гласајќи вакви листи вие потврдивте дека најголемиот политички субјект, најдржавотворниот политички субјект верува во граѓанскиот концепт. И тоа е концептот којшто ќе успее во Република Македонија. Токму затоа оваа коалиција со граѓаните е предодредена на успех. Оваа коалиција со граѓаните што ќе го врати животот во Македонија. Ова е коалиција со граѓаните коja излегува на избори на 11 декември и победува! Затоа што ова е коалиција за животот. На 11-ти декември носиме живот во Република Македонија! Да живее Република Македонија! Да живеат граѓаните на Република Македонија! Нека ни е со среќа и успех на сите.  Нека и е со среќа и успех на Република Македонија!  – рече Заев.

Тој ќе ја предводи листата во четвртата изборна единица.

– Јас сум роден таму, таму пораснав, јас таму и до ден денеска живеам. Мојата намера е да продолжам да живеам во четвртата изборна единица, а да ја водам Република Македонија водејќи ја извршната власт. Огромна е честа да се води најземјоделската изборна единица во Република Македонија. Јас сум човек кого животот го научил и од земјоделие, и од бизнис. Животот ме научил и од работничка мака, но животот ми даде шанса, да покажам, и пред себе и пред другите, дека ако се сака се може, со мојата Струмица. Јас сум горд на тоа што денеска е Струмица. Не беше лесно кога граѓаните ја дадоа честа и одговорноста. Пливаше во долгови. Се фатив за главата и не знаев како ќе биде. Предизвикот беше огромен. Денеска Струмица е една од најразвиените општини во Република Македонија. Ова го кажувам за да не губиме верба, дека не може. Може и со нашата Македонија – рече Заев.

Тој најави дека од денеска партијата ќе ги промовира програмите во сите детали.

– Морам да се заблагодарам во името на сите 20 кандидати, поради тоа што навистина се внимателно избрани, луѓе коишто пред се и над се, си ја сакаат својата земја, Република Македонија – додаде тој.