Број на текстови објавени денес: 70

„Зад аголот“ на Османли преведен на турски

%d0%be%d1%81%d0%bc%d0%b0%d0%bd%d0%b8-%d0%b7%d0%b0%d0%b4-%d0%b0%d0%b3%d0%be%d0%bb%d0%be%d1%82

Во издание на издавачката куќа „Bibliyon“, деновиве во Истанбул се појави преводот  на романот„Зад аголот“ на  Томислав Османли.Преводот на турски јазик го направи истакнатиот преведувач Мехмед Јонуз.

Главен уредник на турското изданието е Бурак Бакирџиолу. Турската објава на романот содржи 382 страници, додека на задната корица на книгата издавачот објавува видување на автрот за својот и за нашиот роман. Романот излегува со посредство на литературниот агент Хјулиа Хилми од Агенцијата „1А“ од Истанбул.

По бројните објави на „Дваесет и првиот“, претходниот, награден роман на Османли, ова е прва меѓународна објава на неговиот втор, структурно покомплексен и, според повеќемина експерти, книжевно уште поуспешен роман.

Романот „Зад аголот“ е прозна книга со сложена градба: развива девет линии на дејства од кои дел се преплетуваат, а дел се продолжуваат, при што неговиот хронотоп има опфат од јонската и атичката антика, до современа Европа, Азија и Америка со фокус врз 1999 година, односно до – математички и симбилички – последната година на минатиот вект. Неговиот наслов „Зад аголот”, содржи своевиден геометриски интониран, и едновремено неодределив судбински концепт – зашто изненадувањето, како израз на една геометрија од повисок ранг, чека да нѐ пресретне, да нѐ допре или да нѐ погоди – никој не знае на кој начин, но секогаш – таму, зад аголот на животот и на историјата…