Број на текстови објавени денес: 0

Загина возач кај струшко Франгово

mvr(62)

Едно лице загина во тешка сообраќајна несреќа што утрово се случи на патот Струга – Ќафасан, во близина на селото Франгово.

Според првичните информации, автомобил марка „форд фиеста“ со струшки регистарски ознаки управуван од сега починатиот од непознати причини излетал од патот.

Полициски службеници и јавен обвинител вршат увид и повеќе информации најавија за во текот на денот.