Број на текстови објавени денес: 65

Загадениот воздух годишно усмртува 500.000 луѓе во Европа

zagaden-vozduh1

Големото загадување на воздухот годишно во Европа однесува околу половина милион животи, се податоците на Европската агенција за животна средина (ЕЕА), јави АА. Во годишниот извештај наведуваат дека годишно поради последиците од загадувањето на воздухот, прерано животот го губат 467.000 лица. Во извештајот е истакнато дека во земјите како Бугарија, Чешка и Полска, кои користат повеќе јаглен во производството на електрична енергија е многу поголем процентот на заболени од смртоносни респираторни болести.

Во извештајот на ЕЕ е наведено и тоа дека во периодот помеѓу 2000 и 2014 година, е во пад вредноста на ПМ 10 честички како и ПМ 2,5. Меѓутоа, познато е дека луѓето коишто живеат во урбаните средини се многу повеќе изложени на ПМ 2,5.

Забележано е дека во земјите на Европската унија (ЕУ) во 2013 година, честичката ПМ 2,5 довела до смртност на околу 430.000 луѓе и тоа главно поради срцеви проблеми, астма и рак на белите дробови.