Број на текстови објавени денес: 70

Завршија преговорите меѓу Грција и кредиторите за втората спасувачка програма

grcija-eu

Последниот круг преговори меѓу грчката Влада и кредиторите на земјата во рамките на вториот преглед на програмата заврши рано утринава.

Претставниците на институциите ќе заминат од Атина и разговорите ќе продолжат преку телеконференциjа, најверојатно пред состанокот на Работната група на еврото на 28 ноември.

Според официјалните лица кои учествуваат во грчкиот преговарачки тим, постојат три отворени прашања – труд, енергија и фискалната политика. Во однос на прашањето за трудот, не е забележан напредок, додека двете страни постигнаа поголемо приближување за прашањата за фискалните бројки и дополнителни судски решавања на т.н. лоши заеми.

На среднорочен план, претставниците на институциите не се овластени да разговараат за примарниот суфицит од 3,5 проценти од БДП од 2019 година. За примарните цели за 2019-2020 ќе се дискутира на Еврогрупата на 5 декември, заедно со прашањето за долгот.