Број на текстови објавени денес: 11

Забранета работата на 370 невладини организации во Турција

erdogan11

Турција ја забрани активноста на 370 невладини организации, вклучувајќи ги и оние за заштита на човековите права и децата, заради нивна наводна поврзаност со тероризмот, одлучи Министерството за внатрешни работи, а денеска образложи заменик турскиот премиер, Нуман Куртулмуш.

– Овие организации не се згаснати, туку се суспендирани. Постојат силни докази дека се поврзани со терористички организации – рече Куртулмуш.

Турција, како што додаде, се бори против тероризмот на повеќе различни фронтови.

Од споменатите 370 организации, 153 се осомничени за врски со движењето на Фетула Ѓулен, 190 со Курдската работничка партија, 19 со левичарската милитантна група ДХКП-Ц, а осум со Исламска држава, прецизира Министерството за внатрешни работи.