Број на текстови објавени денес: 60

Забрана за тешки товарни возила на патот Стража-Кичево

download-3313

Сообраќајот на сите државни патишта се одвива по влажни коловози.Слаб снег провејува на секаде кој не се задржува на коловоз.

Забрани за тешки товарни возила има на патните правци Гостивар-Маврово-Дебар, Гостивар-Стража-Кичево и обратно.

Од  27.11.2016 година целосно е затворен за сообраќај регионалниот пат Р1309 с.Грдовци-с.Зрновци, поради рушење на мостот на река Брегалница и изградба на нов мост.

АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Посебно внимание е потребно низ клисурите, каде постои можност за појава на одрони кои наместа може да го попречат движењето на возачите.

АМСМ потсетува и на  законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата.