Број на текстови објавени денес: 0

Забрана за движење на тешки товарни возила преку Ѓавото

amsm_logo-17

Поради снежните врнежи воведена е забрана за движење на тешки товарни возила на патниот правец Ресен – Битола преку планинскиот превој Ѓавато.

Од 18:35 часот во прекин е и сообраќајот на регионалниот пат Штип – Неготино поради попречено тешко моторно возило.

Забрана за движење на тешки товарни возила попладнево има и на патниот правец Крива Паланка – Деве Бари.