Број на текстови објавени денес: 0

Жарко Башески меѓу добитниците на наградата „Св. Климент Охридски“

%d0%b7%d0%b0%d1%80%d0%ba%d0%be

Скулпторот Жарко Башески е меѓу добитниците на наградата „Св. Климент Охридски“, соопшти денеска Министерството за култура.

Наградата „Св. Климент Охридски“ се доделува како највисоко признание за долгогодишни остварувања во областа на воспитанието, образованието, културата, уметноста, здравството, заштитата и унапредувањето на човековата околина и во социјалната дејност од јавен интерес на Република Македонија.

Во областа на воспитанието и образованието, наградата му се доделува на проф. д-р Марко Китевски, фолклорист, а во областа на културата и уметноста, наградата им се доделува на проф. м-р Гордана Јосифова–Неделковска, музички уметник, проф. м-р Жарко Башески, скулптор, Весна Стојчевска, поетеса и Лилјана Мазова, театарска критичарка и публицистка.

Наградата ќе им биде врачена на добитниците на 8 декември 2016 година (четврток) во 12 часот, во свечената сала на Собранието на Република Македонија.

Тој е автор на коњаничките скулптури на Даме Груев и Гоце Делчев, кои се дел од проектот „Скопје 2014“.