Број на текстови објавени денес: 10

ЖАНЕТА ТРАЈКОСКА -Конвенцијата на ВМРО малце тажна, а?!

%d0%b7%d0%b0%d0%bd

Никој што говореше до сега како не верува во тоа што го чита/ше. Ни шегиве на Никола Поповски се смешни, дури ни по службена должност, ни цитатот на Никола ТодороФ од Петре М. Андреевски за пирејот ни наш, ни набројувањата на селата на Милошовски, а фала богу ни фациве позади што стојат како фикуси.
Да им кажеше некој на носителиве на изборните листи дека 5-те минути говор треба да ги искористат за да ни кажат зошто да се гласа за нив, а не зошто да не се гласа за СДСМ.
Слабо дечки…да го вратите спич врајтерот и организаторот на настани од порано, да ве научи прво дека се ви се чита од фацата, да ве научи да го скриете. И да го тргнете овој таорен глас што ве најавува…пупупу – лошо е бре. Да се вратам на почеток – личите дека ни вие не верувате во тоа што ви дале да го прочитате или, морам да кажам, некој за жал и сам си го напишал говорот и со тоа видовме до кај сте.

Фејсбук статус на Жанта Трајкоска