Број на текстови објавени денес: 18

Ејуп Алими: ДУИ фокусирана на економската рамноправност

20161129_144732-1

Демократската унија за интеграција, ќе ја прекине мајоризацијата и надгласувањето преку консензуалното одлучување, кое ќе го бара безусловно во идниот мандат, се наведува во партиското соопштение. Ејуп Алими, носител на листа во Изборната единица број 2, Тахир Хани, заменик генерален секретар и Дритон Кучи, министер за Економија, денеска имаа заедничкиот панел со студентите и другите заинтересирани.

ДУИ ќе инсистира на чело на Комисијата за економски прашања да застане Албанец, кој ќе ги ориентира прашањата во потребната насока. Консензуалното одлучување, како што велат од партијата е дел од заветувањата, чие што исполнување го бара безусловно ДУИ. Според Алими, консензуалното одлучување, особено тоа за економската рамноправност, продолжува по колосекот изграден од самата ДУИ, која не прифаќа ништо помалку освен целосна рамноправност.

– Ние, во текот на минатите мандати сме изградиле капацитети да со сопствени сили го постигнеме и консензуално одлучување, меѓутоа и економската рамноправност. Владеењето на ДУИ овозможи отворање на многу Слободни економски зони. Ние сме докажале дека знаеме да се справиме со секој предизвик, за доброто на општеството. Во следниот мандат, ќе ги прошириме компетенциите за да постигнеме економска рамноправност за целото албанско општество – изјави  Алими.

Барањата преку кои ДУИ ќе го услови учеството во идната влада, според министерот Дритон Кучи, тесно се надоврзуваат со политиките на ДУИ, за да обезбеди економска рамноправност и еднаква распределба на капиталните инвестиции.

– Гарант за распределбата на големите капитални проекти ќе биде и самата Агенција за државни патишта, која ќе биде раководена од кадар на ДУИ. Сите економски инвестиции, особено капиталните, задолжително ќе треба да се преземат со потполн консензус на двете најголеми заедници – рече Кучи.

Заменик генералниот секретар на Владата, Тахир Хани рече дека сега е потребното време да Демократската унија за интеграција го инкорпорира механизмот на консензуалното одлучување.

– Искуството од парламентарниот живот, и досегашното искуство во јавноста дека може да има прекршување на принципот на рамноправност кога се работи за распределба на буџетските средства, со право го има принудено ДУИ да го инкорпорира механизмот на консензуалното одлучување, и тоа почнувајќи од Владата, значи, пред да се поднесе Буџетот пред пратениците. Исто така, оправдано е инсистирањето на чело на Комисијата за Економски прашања да дојде Албанец, кој би ги насочил прашањата во потребната насока – рече гХани.

ДУИ ќе побара формирање на Советот за рамномерен развој, со што како што велат од партијата ќе се гарантира балансот на економската рамноправност. ДУИ најавува дека ќе цели кон поголема автономија на локалната власт, преку целосната фискална децентрализација.