Број на текстови објавени денес: 86

ЕУ ќе финансира милијарди во иновативни проекти, ќе зграпчат ли дел и нашите фирми?

%d0%b8%d0%bd%d0%be%d0%b2%d0%b0%d1%86%d0%b8%d0%b82

Вкупно 24 милијарди евра Еропската инвестициска банка (ЕИБ) и Европскиот инвестициски фонд ќе пласираат за кредитирање на иновативните проекти на компании до 2020 година. Дел од овие пари можат да завршат и кај македонските компании, ако успеат да направат добри иновативни проекти кои ќе конкурираат со европските компании и компаниите од регионот.

Како што информираа денеска во Сојузот на стопански комори (ССК) акцент на оваа кредитна линија на ЕИБ е ставен на иновациите.

– Преку овој инструмент за продаршка на компаниите се опрфатени неколку сегменти и тоа банки и финасиски посредници, средни и големи иновативни бизниси иако и големи истражувачки и иновативни преокти кои произлегуваат од универзитеските и истражувачките организации како и проекти од областа на обновливите извори на енергија и проекти во здравството – информира извршниот директор на ССК, Митко Алексов.

Парите според практиката на Европската инвестициска банка ќе се реализираат преку локални банки или фондови, а само големите проекти со вредност од 15 до 20 милиони евра ќе се финасираат директно од Банката.

Во земјава Европската инвестициска банка веќе пласираше неколку транши на кредити за бизнисите преку Македонската банка за поддршка на развој и неколку комецијални банка, а како тоа ќе се реализира овој пат од ССК се уште не знаат.

Од ССК, меѓутоа ги повикаа банките повеќе да се фокусиртаат на иновациите.

– Финасирањето на овие проекти за компаниите ќе оди преку баните, па затоа банките треба да планираат и да се концентрираат на иновативните компании и проекти – рече Алексов.

Овие пари велат бизнисмените ќе бидат добри бидејќи иновациите даваат економски профит,со нив се намалуваат трошоците,се зголемува продуктивноста, но забележуваат дека и овие пари ќе бидат малку достапни до старт ап компаниите иако им се најнеопходни.

Според анализите, иновативните фирми имаат 15 отсто побрз раст на продажбата,8 отсто поголема продуктивност и конкуренција,побрз раст на платите, но во змејава се уште треба да се работи на свеста кај менаџерите.

Македонија на иновации годишно троши 6 до 7 милиони евра за разлика од Словенија каде што годишно се издвојуваат 560 милиони евра.