Број на текстови објавени денес: 60

„Еуролинк осигурување“ по трет пат доделува стипендии за студентите на Правен факултет

%d0%be%d0%ba1

По трет пат, компанијата „Еуролинк осигурување“ додели 26 стипендии на перспективни млади луѓе од Правниот факултет „Јустинијан Први“ – Скопје наменети за студентите да ги покријат трошоците за кофинансирање.

За стипендијата аплицираа студенти на додипломските и на постдипломските студии од сите студиски насоки на Правниот факултет „Јустинијан Први“.

Во свечена атмосфера, во просториите на „Еуролинк осигурување“, стипендиите ги додели Олга Костовска, претседател на Надзорниот одбор на „Еуролинк осигурување“, која во таа пригода им порача на студентите: „Преземете одговорност за својот живот, правете го тоа несебично и без калкулации бидејќи најчесто во животот жалиме за работите што воопшто не сме ги направиле, а не за оние што сме ги направиле и биле можеби добра лекција и одлично искуство. Бидете луѓе што не жалат, туку луѓе што решаваат проблеми, преземаат иницијативи, поставуваат трендови, кои со насмевка и позитивен став му пристапуваат на секојдневието, бидете луѓе што ќе бидат запаметени”.

Проектот е дел од долгорочната корпоративна платформа „Еуролинк – Вашата врска со вистинските вредности“ во редот на активности со кои се промовираат трајните културни вредности со цел унапредување на уметноста и на културата во земјата.