Број на текстови објавени денес: 70

Еро: Итна седница на Советот за безбедност на ОН поради ситуацијата во Алепо

%d1%84%d1%80%d0%b0%d0%bd%d1%86%d0%b8%d1%98%d0%b0-%d0%b5%d1%80%d0%be

Францускиот министер за надворешни работи Жан-Марк Еро побара денеска Советот за безбедност на ОН да свика итна седница со цел да се овозможи хуманитарна помош за населението во сирискиот град Алепо.

– Повеќе од кога било потребен е итен прекин на огнот и обезбедување пристап до хуманитарна помош, истакна Еро.

Поради постојаните напади од страна на сириските владини сили, бунтовниците загубија една третина од територијата во источниот дел на Алепо, каде десетици илјади цивили се блокирани поради судирите.