Број на текстови објавени денес: 0

Ердоган во одбрана на Трамп: Ако некого нарекуваат диктатор, тој е добар човек

turcija-erdogan-2

Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган ги критикуваше оние Американци и Европејаци кои новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп го нарекуваат „диктатор“, само затоа што не се согласуваат со неговиот избор.

На денешното заседание на Организацијата за исламска соработка, Ердоган ги обвини жителите на западните земји оние кои го напаѓаат Трамп, дека не ја почитуваат демократијата и резултатите од изборите во САД.

– Во Америка почнаа Трамп да го нарекуваат диктатор. Во некои земји во Европа се собраа на улиците да протестираат (против него) и почнаа да извикуваат „диктатор“. Зошто не ги почитувате резултатите од изборите?, праша Ердоган.

Турскиот претседател исто така посочи, дека секој лидер кој не им служи на интересите на Западот, е обвинет дека е диктатор.

– Некого нарекуваат диктатор? Значи треба да размислувате одбратно. Тој човек е добар, нагласи Ердоган.